ноември 22, 2024

СДСM: Државата субвенционира 80% од сметките на струја, Мицкоски нема познавање од енергетика

Во време на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ спроведува мерки за заштита на стандардот на граѓаните и компаниите во овие тешки услови, велат од владејачката СДСМ.

Како што велат од таму, со мерките се одржува стабилноста на енергетскиот сектор, максимално е  зголемено производството на електрична енергија и силно се субвенционира цената на струјата за граѓаните.

-Домаќинствата за сметките за струја плаќаат само 20 отсто, а 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата, што е клучно за поддршка на стандардот на граѓаните во ваква криза.

За разлика од СДСМ, која вложува максимални напори за граѓаните и компаниите полесно да ја поминат кризата, Мицкоски, без каков било предлог за граѓаните, пишува статуси на социјалните мрежи за струјата и покажува дека нема познавања од енергетиката.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кога немало никаква енергетска криза, ниту пак високи цени, цената на струјата е зголемена за 100%, а се набавувала електрична енергија по цена 3-4 пати повисока од пазарната.

Мицкоски ќе остан запаметен како најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Груевски, кој нема кредибилитет да зборува за енергетика, се вели во соопштението на СДСМ.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја заради Ковачевски

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Половина милион наши сограѓани живеат на праг на сиромаштија, а Ковачевски за вински фестивал дава 400.000 евра