При денешната посета на општина Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава на Димитар Ковачевски дека победиле на локалните вонредни избори истакна дека неопходно е да што побргу да се оди на предвремени парламентарни избори и да се види расположението на народот кој со нетрпение очекува парламентарни избори да го изрази своето расположение.
-Мислам дека доволно долго го коментиравме, еве да одиме на предвремени парламентарни избори да видиме кое е расположението на народот, ние буквално секој ден бараме предвремени парламентарни избори, народот тоа го очекува со нетрпение да ги направиме предвремените парламентарни избори и да видиме какво е расположението, мислам дека од оваа омилена агенција за мерење на рејтинзи исто така им кажуваат какво е расположението, затоа што меѓу народ ретко шетаат па не можат да слушнат и затоа бегаат од предвремени парламентарни избори, решението е да одиме на избори и да каже народот што мисли“, истакна Николоски.