ноември 22, 2024

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу се сретна со млади од Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Туркије, Мевљут Чавушоглу оствари средба со млади од Скопје.

„Се сретнавме заедно со нашите сограѓани кои ја посетија Анталија со проектот на Здружението за култура, уметност и образование Ќопру од Северна Македонија и одговоривме на нивните прашања“, напиша министерот Чавушоглу на Твитер.

„Сè повеќе ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите млади, кои се иднината на турското општество на Балканот“, додаде Чавушоглу.

Read Previous

Пендаровски за АА: „Турција на Балканот имала, има и ќе има конструктивна улога“

Read Next

Пендаровски се сретна со Рот: Германија движечка сила во ЕУ, еден од нашите најголеми партнери