ноември 23, 2024

Вулин: Хил мисли дека може да нѐ натера да направиме нешто, како да сме во резерват

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, денеска го критикуваше американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, велејќи дека тој мисли оти може да ја натера Србија на каков било потег. Во врска со синоќешната изјава на Хил дека не разбрал што сакал да постигне Вулин со посетата на Москва, српскиот министер рече дека Русија „не ја принудува“ Србија на ништо.

„Русија не нè тера да правиме ништо, но затоа американскиот амбасадор Хил мисли дека може да нѐ присили на било што, како да сме Команчи во резерват. Не знам што мисли амбасадорот Хил дека ќе постигне со тоа што ќе нѐ убеди да го признаеме Косово и мислам дека ниту тој не знае што сака да постигне“, вели Вулин.

Тој наведе дека „не знае ни што сакал да постигне гостинот во Србија, но додаде дека „знае дека српскиот амбасадор во САД никогаш не би ги коментирал постапките на министерот од Вашингтон“.

Read Previous

Откријте дали претерано се потите – дали е нормално или е симптом на здравствен проблем?

Read Next

Пендаровски за АА: „Турција на Балканот имала, има и ќе има конструктивна улога“