април 29, 2024

Во Турција се одбележува 23-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го потресе регионот Мармара

Турција денеска ја одбележува годишнината од најголемата национална трагедија во поновата историја на земјата, 23 години од катастрофалниот земјотрес што го потресе регионот Мармара, вклучувајќи го и милионскиот град Истанбул.

Земјотресот од 1999 година со интензитет од 7,4 степени по Рихтеровата скала што траеше околу 45 секунди однесе повеќе од 17 илјади животи, речиси 50 илјади луѓе беа повредени, а стотици илјади останаа без покрив над главата. Независно изминатото време, раните се уште не се зараснати…

Општините во регионот на Мармара со различни иницијативи ја одбележуваат годишнината од трагедијата.

Во Гољчук точно во 3.05 часот кога и се случи земјотресот се одржа комеморативна церемонија пред споменикот на жртвите.

Големата општина Кочаели во чиј регион беше епицентарот на земјотресот и беше меѓу најпогодените области, по повод годишнината е отворена специјална изложба со фотографии посветена на заштитата и подигнувањето на свеста на населението за земјотресот, како и изградбата на нови домови на местото на уништените. На иницијатива на општината на граѓаните и училиштата бесплатно им се дели „Едукативна книга за земјотресите“. 

Read Previous

Вучиќ и Курти денеска на одвоени средби со Столтенберг

Read Next

Герашенко сугерира дека вчера на Крим биле уништени огромен број руски авиони