ноември 22, 2024

Специјалната пратеничка на ОН денеска ќе се сретне со лидерите на хунтата во Мјанмар

Специјалната пратеничка на генералниот секретар на ОН за Мјанмар Ноелин Хајзер се очекува денеска да се сретне со лидерите на воената хунта во услови на зголемен политички хаос и насилство во земјата.

Ситуацијата во оваа југоисточна азиска земја е напната откако на почетокот на минатата година војската ја собори демократски избраната влада, де факто предводена од лауреатката на Нобеловата награда за мир во 1991 година, Аунг Сан Су Ќи, и започна крваво задушување на мирните протести и вооружениот отпор што следеше.

Претставничката на ОН Ноелин Хајзер вчера пристигна во главниот град Најпјида, каде што ја пречекаа претставници на Министерството за надворешни работи. Таа ќе се сретне со лидерот на хунтата Мин Аунг Клајн и министрите, фокусирајќи ги разговорите на „влошената ситуација и краткорочните грижи“, се вели во соопштението на ОН, во кое не се дадени детали.

Read Previous

На ГП Богородица и на Табановце се чека 40 минути

Read Next

Вучиќ и Курти денеска на одвоени средби со Столтенберг