септември 22, 2024

Кина денеска почнува дводневна воена вежба во Жолтото Море

Кина денеска почнува воени вежби во некои области на Жолтото Море, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Управата за поморска безбедност на Народна Република Кина.

Во кусото соопштение се наведува дека поморските маневри ќе завршат во 17 часот по локално време на 19 август. На веб-страницата на Управата се напишани координатите на зоните на вежбите во кои е забранет влез на пловни објекти.

Не е прецизирано каква жива сила и техника се користи.

Четиридневни маневри на Кина во Јужното Кинеско Море траат од вчера. Според кинеската телевизија, тие вежбаат противвоздушна одбрана и напади од брод кон цели во морето.

Од почетокот на август, вооружените сили на Кина спроведоа серија воени вежби долж својот брег, вклучително и во Тајванскиот теснец. 

Read Previous

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино

Read Next

На ГП Богородица и на Табановце се чека 40 минути