ноември 22, 2024

Германската влада ветува безбедно повлекување во Германија на поранешните авганистански вработени во германската амбасада во Кабул

Германската влада ветува безбедно враќање во Германија на сите авганистански службеници кои работеле за германската амбасада во Кабул пред да се вратат талибанците на власт пред една година, јави ДПА.

„Нема да ги напуштиме“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во интервјуто за Билд ам Зонтаг. Таа додаде дека работи заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок на создавање програма со „јасни критериуми“ за прием во Германија.

Според информациите на германската влада, неколку илјади луѓе се уште чекаат да го напуштат Авганистан. Фезер објави дека досега во Германија се примени 15.759 авганистански службеници и членови на нивните семејства.

Според бројките од минатата недела, Германија вети дека ќе прими вкупно 23.614 локални вработени и членови на нивните семејства од повлекувањето на силите на НАТО минатото лето.

Фезер рече и дека во догледна иднина нема да има репатријација во Авганистан.

„Депортирањето во Авганистан во моментов е суспендирано – и сигурно ќе остане така со оглед на моменталната ситуација таму“, рече министерката.

Локалните вработени работеа за Германија како цивилен помошен персонал или како преведувачи. 

Read Previous

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците

Read Next

На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ околу 30 минути