ноември 21, 2024

На преминот Мердаре се отстранети барикадите

По одлуката на властите во Приштина да го продолжат за еден месец издавањето документи за влез-излез за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово, на барање на американската амбасада, отстранети се барикадите кои беа поставени на преминот Мердаре. каде од утрово сообраќајот се одвива нормално, пренесе Бета.

Како што јави РТС, на преминот Мердаре, каде синоќа беше формирана колона од пет до шест километри, од утрово нема метеж, а чекањето за влез во Косово е 10 минути.

Албанците кои се враќаат од западните земји на одмор најмногу чекаат да влезат во Косово, пренсе Бета.

Во Јариње до 6 часот и 30 минути нема промени во однос на вчерашниот ден, барикадите се уште се на патот. 

Read Previous

Од Одеса испловува првиот брод со украинско жито

Read Next

Сончево и топло со мала до умерена облачност