ноември 23, 2024

На граничниот премин Табановце се чека еден час за влез во земјава

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read Previous

Собраниска седница за пратенички прашања

Read Next

Земјава се подготвува за најтешката зима, во функција ќе бидат ставени сите енергетски капацитети