Во Собранието денека седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
Предлог на законот за изменување на Законот за јавнообвинителска служба, Предлог на законот за изменување на Законот за судска служба и Предлог на законот за изменување на Законот за извршување на санкциите, сите по скратена постапка, се на дневен ред на 140. седница на Законодавно-правната комисија и 45. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.