ноември 22, 2024

Нема воз за Скопје-Табановце поради тоа што нема машиновозачи!

Hisilicon K3

ЖРСМ Транспорт Ад објави дека железничката линија Скопје – Куманово е во прекин затоа што немало машиновозачи на располагање.

Кумановци и жители на соседните села претходно се пожалија дека извесен период немаат железнички превоз кон Скопје.

Од претријатието кусо информираа дека проблемот е поради недостиг на машиновозачи. Оттаму најавија решавање на проблемот од август, годинава.

– Линијата Скопје – Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостаток на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје – Табановце – Скопје да се нормализира во август 2022 година, гласи одговорот на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

Read Previous

Пет начини да го намалите крвниот притисок на летната жештина

Read Next

Мицкоски: Не ја поминавме црвената линија, ЕУ го троши својот кредибилитет