ноември 23, 2024

Шефот на дипломатијата на Португалија Кравињо во Скопје

Шефот на дипломатијата на Португалија Жоао Гомес Кравињо, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, на покана на неговиот колега министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На средбата, како што соопшти МНР,  ќе бидат разменети мислења за евроинтегративниот процес на земјава, за билатералните односи и за перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.

Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо.

Покрај средбата со неговиот домаќин Османи, португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Read Previous

Скопје се сеќава – 59 години од катастрофалниот земјотрес

Read Next

Новите амбасадори ќе ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика