ноември 22, 2024

Мицкоски во Будимпешта кај Орбан: Му кажав дека сакаме во ЕУ, но со зачувување на идентитетот

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски се во Будимпешта каде имале средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Деталите ги соопшти Мицкоски на социјалните мрежи:

На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Го истакнав ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот.

Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Нотиравме дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси.

Исто така нотирани беа и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ.

Read Previous

Алијанса за Албанците: Струга нема стратегија за развој на туризмот

Read Next

Годинава богата програма за Илинден во Крушево