ноември 23, 2024

ЕУ испрати ново предупредување до Будимпешта, се закани со суспензија на европски фондови

Европската комисија  испрати ново предупредување до Унгарија поради непочитување на владеењето на правото, а процедурата може да доведе до суспензија на некои фондови кои и се даваат на земјата.

„Европската комисија смета дека Унгарија не доставила соодветни корективни мерки“, се наведува во соопштението на Комисијата, потврдувајќи ја информацијата на унгарскиот весник „Непсава“, пренесе Бета.

На крајот на април, Брисел покрена механизам за условување против Будимпешта, кој досега не беше користен во ЕУ, поради загриженоста за користењето на европскиот буџет од Унгарија.

Тоа е поврзано со спроведувањето на јавните набавки, недоволната контрола и транспарентност во користењето на средствата и недоволната борба против проневера и корупција.

Сепак, одговорот на Унгарија на покренувањето на таа постапка беше оценет како недоволен и комесарот за буџет Јоханес Хан доби задача денеска да испрати ново писмо до унгарските власти.

Во дописот ќе бидат предложени мерки во однос на суспендирање или намалување на одредени европски фондови. 

Read Previous

Почна испораката на гас преку гасоводот Северен поток 1

Read Next

УНЕСКО го прогласи Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година