ноември 23, 2024

УНЕСКО го прогласи Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година

УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, што почна да се одредува од 2001 година, пренесе Бета.

Во соопштението на УНЕСКО се вели дека биле „импресионирани“ од акцентот што Стразбур го става на книгата како средство за справување со предизвиците на социјалната кохезија и климатските промени.

Годината на славење ќе почне на 23 април 2024 година, Светскиот ден на книгата и авторското право.

Стразбур е 24-ти град кој е прогласен за Светска престолнина на книгата од 2001 година. Претходно беа Мадрид (2001), Њу Делхи (2003), Богота (2007), Порт Харкорт (2014), Гвадалахара (2022). Акра ќе биде во 2023 година.

Глобалниот буџет што Стразбур ќе го одвои за програмата ќе достигне 4,5 милиони евра.

Read Previous

ЕУ испрати ново предупредување до Будимпешта, се закани со суспензија на европски фондови

Read Next

Во Шпанија над 500 жртви на топлотниот бран