ноември 23, 2024

ДУИ на сите граѓани им го честита почетокот на преговорите за членство во Европската Унија

Денес, по 17 години чекање, Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската Унија со што се отвораат нови перспективи за земјата и граѓаните.

Полека, но сигурно влегуваме во европското семејство. Демократската унија за интеграција во оваа прилика на сите граѓани им го честита овој голем ден за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Ги крунисавме со успех сите напори за одржување на личен пристап како прогресивна сила заедно со сите политички чинители во државата. Демократската унија за интеграција цени дека ова се моменти на гордост бидејќи успеавме да обезбедиме нова, безбедна перспектива и европска иднина за сите граѓани на државата.

Како историски ден, стануваме дел од успехот кој започна пред многу години, соочени со многу предизвици со кои се соочивме и на крајот излеговме како победници.

Демократската унија за интеграција, во оваа прилика, изразува благодарност до сите кои придонесоа за овој процес, нашите меѓународни пријатели, особено Соединетите Американски Држави и земјите од Европската Унија, бидејќи само со нивна помош беше можно Република Северна Македонија да го започне процесот за пристапување кон Европската Унија.

Историски ден, честитки до сите граѓани!

Демократска унија за интеграција

Read Previous

Ковачевски: Во овој голем ден е вграден трудот и работата на сите граѓани и чинители од осамостојувањето до сега

Read Next

Груби: Во срцето на Европа ја проектираме европската иднина на РСМ