ноември 23, 2024

Владата на премиерот Џонсон го „преживеа“ гласањето за доверба

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон синоќа го „преживеа“ гласањето за доверба што самата го свика.

Членовите на владејачката Конзервативна партија ги поддржаа министрите за да избегнат распишување избори.

Опозициската Лабуристичка партија побара Џонсон, кој рече дека ќе се повлече, веднаш да биде сменет како привремен лидер додека Конзервативната партија не го избере неговиот наследник на почетокот на септември.

Лабуристите се залагаа и за гласање за доверба на владата и на Џонсон за да се обидат да го соборат што е можно поскоро, но владата се спротивстави, велејќи дека тоа е непотребно бидејќи премиерот веќе кажал дека ќе замине.

Конзервативците наместо тоа предложија гласање за доверба на владата, што таа го „преживеа“ со 349 гласа „за“ и 238 „против“.

Read Previous

АБЦ њуз: Рама ја почна битката за спас на Хашим Тачи, Албанија ќе носи резолуција против извештајот на Марти

Read Next

Израел побара од Бугарија да го прогласи Хезболах за терористичка организација поради нападот во Бургас пред 10 години