ноември 24, 2024

Вооружен напаѓач уби три лица во трговски центар во Индијана

Вооружен напаѓач уби три лица во ресторан во трговски центар во предградие на Индијанаполис во американската држава Индијана. Напаѓачот е убиен од вооружен случаен минувач, соопшти полицијата.

Машкото лице синоќа со пушка влегло во трговскиот центар Гринвуд Парк и почнало да пука во ресторан, појасни шефот на полицијата на Гринвуд, Џим Ајсон.

Според Ајсон, две лица се повредени.

Пребаран е целиот трговски центар, но, се верува дека нападот бил ограничен на делот за ресторани.

Read Previous

Пацифичките држави го повикуваат Меѓународниот суд на правдата да донесе одлука за заштита на климата

Read Next

АДКОМ бара помош од Владата, во спротивно најавува покачување на цените за комуналните услуги што ги нудат