ноември 23, 2024

На ГП Богородица и Табановце се чека околу еден час

Поради зголемена феквенција на возила, на ГП Богородица за излез се чека околу еден час, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Read Previous

Фон дер Лајен во посета на Баку

Read Next

Во Шри Ланка прогласена вонредна состојба