ноември 23, 2024

ЕУ разгледува заострување на санкциите кон Русија

Европската унија денеска ќе ја разгледа можноста за заострување на санкциите кон Русија, бидејќи Москва е обвинета дека ја искористила нуклеарната централа во Запорожје, што ја зазема, за складирање оружје и лансирање проектили кон околните региони на јужна Украина.

„Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, оправдувајќи ги предложените мерки.

Министрите за надворешни работи на ЕУ анализираат за забрана за купување злато од Русија, што би било во согласност со санкциите што веќе и се воведени на таа земја од членките на Г7.

Се очекува Брисел денеска да одржи првични разговори за санкциите, но истиот ден нема да донесе одлука, пишува Гардијан, повикувајќи се на изјава на неименуван висок претставник на ЕУ. 

Read Previous

Протоколот со Бугарија потпишан, утре Меѓувладина конференција

Read Next

Од денеска во функција наплатните рампи на автопатот Миладиновци-Штип