ноември 22, 2024

Бугарија со протестна нота поради говор на омраза на протестите во Скопје

Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза во последните денови во Македонија, изјави бугарската министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска. Таа појасни дека привремениот управител на амбасадата на Македонија во Софија ќе биде повикан и ќе му биде врачен протест. На прашањето на бугарските медиуми пак, дали се прецизирани протоколите и кога бугарското општество може да се запознае со нив,

Генчовска одговори:

„Имаме џентлменски договор со министерот Бујар Османи и протоколите се прецизирани. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа, ние нема да ги објавуваме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат националниот интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание“, нагласи Генчовска.

Read Previous

НЕВЕРОЈАТНА УБАВИНА: „Трипeдвајзер“ ги смести Плитвичките Езера во топ-атракции

Read Next

Макрон: Македонски народе, изборот е ваш!