ноември 21, 2024

Еди Рама: „Најдени многу нафта и природен гас во Албанија“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека меѓународна компанија неодамна открила големи количини нафта и природен гас на територијата на Албанија.

Овие наоди, според него, ќе ја променат албанската економија и енергетската иднина на Европа. За време на посетата на Холандија каде одржува средби со холандски инвеститори, Рама рече дека овие природни ресурси се долж албанскиот брег.

Албанија и сите земји од Западен Балкан се во ценовна криза по флуктуациите на пазарот поради тешкотиите со снабдување со нафта и гас како резултат на руската инвазија на Украина и санкциите против Русија.

Read Previous

Ајфеловата кула може да се урне? – „Во лоша состојба е, на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“

Read Next

Жена убиена во напад со нож во Шведска