ноември 25, 2024

Ајфеловата кула може да се урне? – „Во лоша состојба е, на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“

Од 2010 година, Ајфеловата кула во Париз прогресивно ‘рѓосува и доколку тоа итно не се санира, таа може да се урне, повикувајќи се на доверливи документи, пишува списанието „Маријан“.

Се истакнува дека Ајфеловата кула е во лоша состојба – „на некои места ‘рѓата целосно го кородирала металот“. Причината е што железото од кое е направен споменикот доаѓа во допир со вода и кислород на оние места каде што бојата отпаѓа од застареноста.

Во 2018 година, почна 20-то реновирање на кулата – за Олимпијадата во 2024., што вклучуваше чистење на една третина од структурата и нанесување на два слоја нова боја, за да се ограничи корозијата. Сепак, поради пандемијата на коронавирус, работата мораше да се одложи… Поради ова, сега се чини дека поправката ќе биде „козметичка“ и ќе покрие само пет отсто од Ајфеловата кула.

– Веројатно нема да падне утре изутрина, но навистина не е во многу добра состојба, изјави официјален претставник за весникот, кој претпочита да остане анонимен.

Фирмата „Сете“, која раководи со атракцијата, не сака да ја затвора подолг временски период поради поправки, бидејќи тоа би довело до губење на приходите. Ајфеловата кула е четвртото најпосетувано место во Париз, по „Дизниленд“, „Лувр“ и Версај.

Read Previous

Зошто бебето не може само да заспие?

Read Next

Еди Рама: „Најдени многу нафта и природен гас во Албанија“