април 29, 2024

Жена убиена во напад со нож во Шведска

Во шведскиот град Визби на островот Готланд вчера во напад со нож е убиена жена, за време на одржувањето на „Амалдален Неделата“, политички настан што традиционално секоја година се одржува во тоа место.

Полицијата уапсила 33-годишен маж, додека нападнатата жена била префрлана во болница каде им подлегнала на повредите.

Полицијата ги утврдува мотивите за инцидентот. Според првичните информации, лицето што го извршило нападот нема полициско досие. Во тек е прелиминарна истрага по убиството. Весникот „Афтонбладет“ го поврзува напаѓачот со неонацистички активности.

Read Previous

Еди Рама: „Најдени многу нафта и природен гас во Албанија“

Read Next

ГИНИС: Има 86 години и се уште работи како стјуардеса