Протестите против францускиот предлог продолжуваат и вечерва. Синоќа истите ексалираа пред Собранието, а претходно беше гаѓана зградата на Владата и МНР. Во судирот на демонстрантите и полицијата пред законодавниот дом повредени се 47 полицајци соопшти МВР, а уапсени биле 11 лица. Како што вели МВР, нема повредени демонстранти.
Спасовски ги посети повредените полицајци и вели дека полицијата делувала само против одредена група на демонстранти кои се однесувале вандалски. Воедно изјави дека МВР има оперативни сознанија дека и вечерва се подготвува ескалација на протестите.
-Сите информации се собрани дури и за организаторите, рече Спасовски додавајќи дека полицијата има информации дека насилни протести би можеле да се повторат и вечерва дури и со употреба на молотови коктели притоа повикувајќи ги организаторите и лицата кои се подготвуваат за вакво сценарио да се откажат од него.