ноември 21, 2024

Изгубеното пијано на Султанот Абдулхамид Хан Втори – концерт на пијанистката Туту Ајдиноглу во Скопје

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, што годинава се одржува по 43-ти пат, се одржа премиера на концертот „Изгубеното пијано на Абдулхамид Хан Султан II“, на турската позната пијанистка Туту Ајдиноглу.

Со поддршка на Институтот „Јунус Емре“, во Музејот на македонската борба синоќа се одржа концерт на Туту Ајдиноглу – пијано, Нурај Оџакли – наратор, и двете од Турција, насловен како „Изгубеното пијано на Абдулхамид Хан Султан II“.

Пред почетокот на концертот, познатата пијанистка Туту Ајдиноглу и директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, дадоа изјава за медиумите.

Пијанистката Туту Ајдиноглу истакна дека проектот „Изгубеното пијано на Абдулхамид Хан Султан II“ досега е изведен во Косово и Анкара.

„Во проектот се раскажува за автопијаното од германскиот бренд M.F.Rachals & Co на Абдулхамид Хан, кое всушност стои во палатата Бејлербеји, за едно од вкупно 32 музички дела за пијано“, нагласи Туту Ајдиноглу.

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, истакна дека во соработка со Институтот „Јунус Емре“ и фестивалот „Скопско лето“, љубителите на уметноста имале можност да уживаат во пијано-рециталот на Туту Ајдиноглу.

„Како што кажува и самото име на проектот, се раскажува за еден историски процес, особено во последниот период на Османлиската Империја, за значењето што се дава на западната музика“, рече Серхат Кула.

Туту Ајдиноглу е извонреден талент и исклучителна пијанистка. Нејзината дисциплина и совршенство ретко се среќаваат кај некој друг. Пијанистката Туту Ајдиноглу, која почна да свири пијано на 6-годишна возраст, е академик и пијанист на Државниот конзерваториум на Универзитетот во Истанбул. Таа настапуваше како солист за турската премиера на Концертот на Респиги во модо мисолидио во ИЦЕЦ во Истанбул и ја остави публиката фасцинирана. Пијанистката, која се истакнува со своите уникатни интерпретации и инстинкти да го открие запоставеното и новото, ги отсликува своите интереси како пијанистка со својот широк репертоар и нејзината кариера.

Фестивалот „Скопско лето“, кој традиционално секоја година се одржува во главниот град Скопје, ги обединува светски познатите музички уметници, а е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Скопје.

Read Previous

Украина вели дека го зазела Змискиот Остров, Русија дека се повлекла во знак на добра волја

Read Next

Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност