ВМРО-ДПМНЕ го обвинува спикерот Талат Џафери дека со серија погрешни постапки сторил огромна повреда на законодавниот дом. Интерпелацијата за Џафери е единствената точка на денешната седница, која ќе трае до полноќ.
-Да се погледне во огледало секој што ќе стане да го обвинува другиот и пред да го направи тоа, самиот да се преиспита што е што во нештата, кога ќе се спорат фактите и аргументите, вели Џафери, кој притоа додава дека пратениците од ВМРо-ДПМНЕ го навредуваат на лична основа.
-Нема кој епитет не ми го споменавте на лична основа. Ако мислите дека треба на такво ниво да се спуштиме, јас нема да дозволам. Кога ме потсетувате на работите, потсетете се и самите како и што сте постапиле…Пак ќе прашам зошто Антонио Милошовски е прв потписник на интерпелацијата, а е 27ми пријавен за збор? Оти знае дека до полноќ нема да дојде на ред, вели Џафери.