ноември 22, 2024

Радев на Кирил Петков ќе го врачи мандатот за состав на нова Влада

Бугарскиот претседател Румен Радев, најдоцна до утре попладне, ќе му врачи мандат на кандидатот за премиер од партијата „Продолжуваме со промените“, за формирање на влада во рамки на сегашниот парламент.

Партијата на досегашниот премиер, Кирил Петков е со најголем број на мандати во бугарското Собрание, што значи дека тој повторно ќе има прилика за составување на Влада по недовербата што му беше изгласана во текот на минатата недела.

Петков најави оти неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов која ја урна досегашната владеачка коалиција.

„Ако успееме да обезбедиме 121 пратеник, Бугарија за првпат ќе има независна влада и задкусните игри нема да може да влијаат на нејзините активности, како што беше случајот со партијата „Има таков народ““, рече неодамна Петков.

Read Previous

Владата за новиот тарифник на струјата: Кој троши помалку, ќе плаќа помалку!

Read Next

Пендаровски се сретна со Блинкен на самитот на НАТО во Мадрид