Во сообраќајна несреќа настрадаа двајца мигранти.
Денеска (29.06.2022) во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата.
Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата.
Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.