ноември 22, 2024

Над 1000 учесници на меѓународниот фудбалски куп „Еден на еден“ во Општина Могила

Над 1000 деца во 150 натпревари помеѓу 72 екипи беа дел од меѓународниот фудбалски куп „Еден на Еден“ што го организира фудбалската школа Еден На Еден – Могила со поддршка на Општина Могила.

Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски вели дека ќе се потрудат овој фудбалски куп да прерасне во долгогодишна традиција.

„За првпат во општина Могила се организира меѓународен фудбалски Еден на еден Могила куп и ќе се потрудиме ова да остане долгогодишна традиција. Младите да останат на патеките на кои тргнале од најрана возраст, да се реализираат пред сѐ како здрави личности, а потоа како професионални спортисти. Во иднина да настапуваат за реномирани фудбалски клубови и да ја претставуваат македонската репрезентација, односно гордо да ги претставуваат земјите од каде што доаѓаат“, рече градоначалникот Саботковски.

На купот учествуваа екипи од Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Куманово,

Read Previous

Во Скопје промовирана дигиталната платформа ТРТ Балкан

Read Next

Во 12:13 часот ни доаѓа астрономското лето