септември 22, 2024

Спремете се за вакцина за мајмунски сипаници

Европската Унија денеска ќе потпише договор со непознат производител за околу 100.000 дози вакцини против мајмунски сипаници. Тие треба да бидат доставени до крајот на јуни. Информацијата е потврдена од еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

По состанокот на министрите за здравство на државите членки на ЕУ во Луксембург, Киријакидес изјави дека вакцините ќе бидат купени со пари од фондови на блокот. Тие ќе бидат доставени во земјите членки на ЕУ.

Таа додаде и дека во ЕУ досега се евидентирали 900 случаи на мајмунски сипаници.

Read Previous

Петков: Уште едни избори во Бугарија ќе бидат катастрофални и губење историско време

Read Next

Османи: Пред саркастичната шега, Рама жестоко ја бранеше Македонија