ноември 23, 2024

Ковачевски не оди во Киев, од Владата велат дека поканата е одбиена поради набиената агенда на премиерот

Од Владата на РСМ за ТВ21 велат дека не ја прифаќа премиерот поканата на премиерот на Црна Гора за посета на Киев поради набиената агенда.

„Покана за посета за која прашувате а која е иницирана од украинскиот претседател Зеленски се однесува на период кој во агендата на премиерот е исклучително интензивен и поради неможност истата да се измени, за жал не бевме во можност позитивно да одговориме“, велат од Владата.

Од таму додаваат дека „Нашата поддршка за Украина и храбриот украински народ е недвосмислена и безрезервна. Благодарни сме на поканата за посета за која веруваме дека наскоро ќе биде реализирана“.

Read Previous

Бислимовски: РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на БЕГ

Read Next

Петков: Уште едни избори во Бугарија ќе бидат катастрофални и губење историско време