ноември 22, 2024

Цената на бензинот во САД го надмина прагот од пет долари за галон

Новиот рекорден пораст на цените на бензинот низ САД создава тензии кај милиони потрошувачи и во стопанството, а придонесува и за влошување на политичките предизвици со кои се соочува администрацијата на претседателот Џозеф Бајден пред ноемвриските избори на средината од неговиот мандат.

Волстрит џурнал пишува дека откако американската потрошувачка инфлација го достигна највисокото ниво во последните 40 години, просечната цена на галон (3,8 литри) обичен безоловен бензин во САД на 9 јуни достигна рекордно високо ниво од пет долари.

Цените на бензините дрaстично пораснаа по руската инвазија на Украина на почетокот од оваа година, посочува весникот, додавајќи дека и онака малите резерви на нафта се уште повеќе исцрпени и без знаци за олеснување.

Тоа дополнително ги намали домашните буџети на Американците кои веќе се погодени од високите цени, од оние на производите во продавниците, преку оброците во рестораните до авиобилетите. Цените на енергенсите споредбено со лани пораснаа за 34,6 отсто, додека цените на храната за 11,9 отсто.

Аналитичарите велат дека високите цени на бензините и натаму би можеле да продолжат да растат, пишува Волстрит џурнал посочувајќи го мајскиот извештај на американската банка „JP Morgan“ во кој се наведува дека малопродажните цени на бензините до август може да пораснат до 6,20 долари за галон.

Високите цени на бензинот, како и зголемените трошоци за другите производи и услуги, се голем проблем за Бајден, пишува Њујорк тајмс, додавајќи дека многу политички експерти веруваат дека демократите би можеле да загубат на ноемвриските избори бидејќи гласачите се лути и фрустрирани од високата инфлација.

Read Previous

Не се откажуваат од љубовта: 3 хороскопски знаци кои најмногу се борат за нивната врска

Read Next

Народни преданија: Ставете лук под вашата перница или носете го во џеб