мај 20, 2024

СДСМ: Мицкоски не се огради од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, ист како Груевски

И покрај бројните судски пресуди за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив и последната за предметот Талир 2, Христијан Мицкоски упорно не се оградува од криминалот на неговата партија, велат од владејачката СДСМ.

Од таму порачуваат дека тоа само кажува дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски дека е на страната на криминалот.

-По судската пресуда за Талир 2 каде се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ криминално се стекнала со имот, најмалку што Мицкоски можеше да направи е да се огради и извини за криминалните зделки од епски размери.

Но наместо тоа Мицкоски по секоја цена го брани криминалот на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партија заглавена во режимска матрица која работи единствено на штета на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

Read Previous

Ковачевски во Солун на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа

Read Next

На протест излегуваат и приватните стоматолози!