септември 23, 2024

Ковачевски во Солун на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се Бојан Маричиќ, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања и Бујар Османи, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој денес се одржува во Солун, Грција.

Премиерот Ковачевски, ќе има свое обраќање на Самитот, заедно со колегите од Југоисточна Европа, членови на процесот. Самитот со кој ќе претседава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, предвидено е да започне во 17:40 часот. На Самитот присуствуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и други високи претставници што е показател за важноста на овој Самит.

На Самитот предвидено е да се дискутира и за Декларација во чиј фокус е енергетската стабилност, безбедноста, поврзување за економски развој како и спроведување на зелената агенда.

Read Previous

Мицкоски: Ако барањата на Бугарија влезат во преговарачка рамка, тоа ќе биде капитулација

Read Next

СДСМ: Мицкоски не се огради од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, ист како Груевски