ноември 22, 2024

Најрани симптоми на тромбоза – проверете што чувствувате

Крвните згрутчувања или тромбот можат да бидат исклучително опасни по живот, а тие од крвта патуваат и се шират низ целото тело, па можат да го нападнат срцето, мозокот и другите органи, па да доведат до фатален исход.

Кога крвните грутки ќе ги затнат артериите, мозокот, срцето и белите дробови престануваат да добиваат кислород и како последица на тоа настанува срцев или пак мозочен удар.

Иако во поголем дел од случаите може да се спречи, тромбот предизвикува сериозен проблем во јавното здравје кој убива стотици возрасни секоја година.

Овие симптоми се знак дека е време да посетите доктор:

Кога тромбот се формира во рацете и нозете, длабоко под кожата, тоа се нарекува венска тромбоза. Тоа е опасно затоа што грутките можат да патуваат од срцето до белите дробови. До длабока венска тромбоза може да се стигне доколку долго не сте се движеле.

Отекување – тоа може да се случи на истото место каде грутката се развила или пак на цела нога или рака.

Промена на бојата – може да забележите дали рацете или пак нозете ви се црвени или пак сини.

Болка: Како што состојбата се влошува, така ќе почувствувате поголема болка – од тапа до интензивна.

Тешко дишете – доколку ова се случи, тогаш тоа може да значи дека грутката се преместила од рацете или нозете до белите дробови. Може да се појави кашлица или пак крв при кашлање.

Грчеви во долниот дел од нозете – ова чувство се појавува доколку грутката се наоѓа во ногата.

Кога крвната грутка ќе се најде во близина на срцето, тогаш се појавуваат следните симптоми:

– Јака болка во рацете и прстите;

– Потење;

– Тешкотии при дишење;

– Тешкотии со дишење и потење се појавуваат кога тромбот се наоѓа во близина на белите дробови, што се нарекува белодробна емболија.

– Кашлица;

– Вртоглавица.

За жал крвните грутки можат да стигнат и до мозокот и да предизвикаат мозочен удар. Внимавајте на овие симптоми:

– Тешкотии со видот и говорот;

– Слабост.

Read Previous

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Read Next

Купувајте електрични возила: Од 2035 година престанува производството на автомобили на дизел и бензин