ноември 23, 2024

Трагичниот крај на најголемиот холивудски шмекер: Добил мистериозна порака, излегол од дома и никогаш не се вратил!

На последниот ден од ноември, пред 8 години, трагично загина познатиот холивудски актер Пол Вокер.

Тој беше американски актер кој се прослави со улогата на Брајан О’Конер во серијата филмови “Пеколни улици”, роден е на 12 септември 1973 година во градот Глендејл во Калифорнија.

Камерата се заљуби во него во најраните месеци од неговиот живот – неговото прво појавување на телевизија беше во реклама за пелени, а на две години почна да се занимава со манекенство, додека на дванаесет години почна да глуми во детски телевизиски емисии.

Тој израснал во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес. Завршил основно училиште во Санланд, а потоа го посетувал селското христијанско училиште. Се запишал на Универзитетот во Јужна Калифорнија каде студирал биологија.

Неговиот љубовен живот отсекогаш привлекувал големо внимание, откако важеше за голем заводник по кој воздивнуваа дамите ширум светот.

Во 1993 година се забавувал со актерката Дениз Ричардс, а потоа стапил во врска со Ребека МекБрејн, која на 4 ноември 1998 година ја родила неговата ќерка Медеа Рејн. Следната година тие се развеле, а девојката отишла да живее со нејзината мајка на Хаваи. Меду се преселила кај Пол во 2011 година бидејќи Ребека, според странските медиуми, консумирала премногу алкохол.

Во 1999 година се забавуваше со американската пејачка Кристина Милијан, со која раскина една година подоцна, а потоа стапи во врска со Блис Елис, која траеше три години.

Во 2003 година го поврзаа со поранешната манекенка Обријан Атвел, која, според американските медиуми, била малолетна кога ја започнале романсата, а по раскинувањето останале пријатели.

Подоцна вплови во романса со Аманда Пејџ, а потоа и со други познати дами – колешката Џесика Алба и манекенките Анаис Александар и Изабел Гуларт.

Дека Вокер сакал помлади девојки докажува и фактот што во 2007 година почнал да излегува со 17-годишната Јасмин Пилхард Госнел. Во 2008 година дури се шпекулираше дека се вериле, но овие наводи останаа на ниво на шпекулации и никогаш не беа потврдени.

Во едно од последните интервјуа, Пол изјави дека сака да го напушти актерството и да се посвети на семејството. Како што тогаш тврдеше, му здосадило животот на филмска ѕвезда и мислел дека Холивуд е само „ѓубре“.

Својата оаза ја наоѓал на брановите, па често сурфал. Тренирал и џиу џицу и имал кафеав појас. Бил голем љубител на животни и имал неколку кучиња, но сакал и да оди на лов. Иако бил задоволен од успесите што ги постигнал во кариерата, сметал дека требало да стане музичар.

Посебно бил заинтересиран за подводната флора. Неговиот идол бил францускиот океанограф и авантурист Жак Ив Кусто.

Пол учествуваше во единаесетдневната експедиција организирана од National Geographic и беше член на тимот што улови седум големи бели ајкули на брегот на Мексико.

Сакаше автомобили и брзо возење. Тој се натпреваруваше во тркачката серија Redline Time Attack. За некои сцени од серијата „Пеколни улици“ тој не користел каскадерски двојки, туку го адаптирал својот автомобил Нисан Скајлајн за сам да ги сними.

Тој беше голем хуманитарец и ја имаше Фондацијата Reach Out Worldwide (ROWW) која им помагаше на луѓето погодени од природни катастрофи.

На почетокот на 2010 година, тој замина во Чиле и Хаити, каде им пружи поддршка на повредените во земјотресите.

За жал, на 30 ноември 2013 година, актерот и неговиот пријател и финансиски советник Роџер Роудс се возеле со Порше во Санта Кларита. Роџер изгубил контрола над автомобилот, кој удрил во столбот за светло, удрил во дрво, по што автомобилот експлодирал.

Набрзо пристигнале пожарникари и лекари од брзата помош, кои можеле само да констатираат смрт. Оваа вест ја објавија членовите на семејството на Вокер на неговиот Твитер профил.

Нови детали се откриени во документарен филм за неговиот живот и смрт, од разговорите со најблиските пријатели и семејството на Пол Вокер.

Помеѓу другото, неговата мајка изјавила дека Пол заборавил на настанот што го организирала неговата хуманитарна организација „Reach Out Worldwide“ во 2010 година, по разорниот земјотрес на Хаити. Целта на настанот организиран на 30 ноември 2013 година беше да се соберат средства за настраданите од тајфунот Хаијан на Филипините.

Пол за тој ден планирал да ја украси новогодишната елка со својата ќерка Медо која сега има 19 години. Меѓутоа, кога добил порака со потсетување на хуманитарниот настан, на која сосема заборавил дека треба да присуствува, истрчал од куќата и отишол таму.

-Разговаравме опуштено кога ја прими пораката. Тој скокна и рече: “Боже, заборавив дека морам да бидам на друго место!” – сведочи Шерил.

Тој пристигна на настанот, но никогаш не се врати. Тој и неговиот пријател и финансиски советник Роџер Роудс, кој управувал со порше, починале на лице место.

Многумина се уште веруваат дека не се работи за несреќа, туку за убиство. Се зборуваше дека Пол всушност бил убиен поради неговата хуманитарна работа и дека неговата сообраќајна несреќа била добро договорена. Некои отидоа дотаму што рекоа дека Пол воопшто не е мртов, туку дека тоа е наводен маркетинг.

Она што многумина ги убеди дека работата не е чиста е тоа што не е прецизирана причината бидејќи автомобилот бил целосно уништен.

Пол беше погребан на 14 декември на гробиштата Форест Лан во Холивуд Хилс. Неговото тело беше кремирано, а на церемонијата присуствуваа само неговите најблиски роднини и пријатели.

Read Previous

Вархеји порача дека Северна Македонија мора да успее во јуни, а потоа замина кај Петков и Радев во Софија

Read Next

Битиќи: Криза е, штедете струја! Ако се греете на 24 степени, треба да се навикнете на 22 степени