Конзервативните пратеници во Велика Британија од 19 до 21 часот ќе гласаат за доверба на премиерот Борис Џонсон.
Доколку Џонсон ја загуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција, а потоа ќе се донесе одлука за негова замена. Ако пак победи, тогаш, според сегашните партиски правила, за време од една година не може да се соочи со ист ваков предизвик.
Изгласување доверба побараа најмалку 54 конзервативни пратеници. Сепак, за гласање недоверба потребно е мнозинство или најмалку 180 конзервативни пратеници.
Десетици конзервативни пратеници изразија загриженост за тоа дали Џонсон (57) може да продолжи да раководи со Велика Британија, која се соочува со ризик од рецесија, зголемување на цените на горивата и храната, а во моментов и сообраќаен хаос во Лондон поради штрајкот.