ноември 23, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикаа премиерот Димитар Ковачевски, Владата да донесе одлука за намалување на ДДВ-то за горивата на 5 отсто, со цел да се ублажат ценовните шокови.

-Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%.

Ковачевски да не удира врз народот, тоа што СДСМ и ДУИ крадеа 5 годиnи не треба сега да биде покривано од граѓаните преку плаќање на скапи горива.

И во Германија се намалија даноците на горивата и до 30 евро центи, само во Македонија не.

Намалувањето на ДДВ од 18% на 5% ќе влијае на намалување на цената на горивата и ќе спречи крах во транспортниот сектор, земјоделието и индустријата во целост.

Високите цени нема да го наполнат буџетот, иако Ковачевски на тоа се надева, тие само ќе го осиромашат народот и ќе ја фрлат државата во сиромаштија.

Очигледно е дека СДСМ не знае како да управува со државата, па својот криминал сака да го покрива со удар врз граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени избори час поскоро,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

Летни закуски што не предизвикуваат дебелеење

Read Next

НАСА со нови скафандери за на МВС и Месечината