ноември 23, 2024

Николовски: Тргнете ја политиката од земјоделството, изгласајте ги законските измени, за да може тутунарите да добијат поддршка

Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20 000 туутнопроизвподители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, апелира денеска до пратениците министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски пред почетокот на 64 пленарна седница.

Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање, политика имало и ќе има, но тоа никако не смее да биде на штета на земјоделците и граѓаните.

Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции? Ваквата блокада е нешто сосема неодговорно кон тутунарите, но ја одолговлекува и генерално поддршката за земјоделците кои треба да произведат храна. Затоа, наместо да го кажувате својот партиски глас, слушнете го гласот на тутунарите и сите земјоделци. Без одлагање и без партиски говори донесети ги законските измени, рече Николовски.

Read Previous

Ангелов: Да не го локализиравме пожарот, ќе зафатеше силоси со плин, ако експлодираа добар дел од Тетово ќе го немаше

Read Next

СЗО: Летните забави и концерти би можеле да резултираат со ширење на мајмунските сипаници