ноември 25, 2024

Радев и Петков на средба со Макрон, Франција да биде гарант, а ветото да падне?

Кирил Петков и Румен Радев ќе патуваат за Франција каде ќе остварат средба со претседателот Емануел Макрон.

Во моментов нема информации кој е организатор на средбата. Бугарските медиуми пишуваат дека токму Франција ќе биде гаранцијата дека РСМ ќе ги исполни барањата како внесување на Бугарите во Уставот и справувањето како што велат тие со говорот на омраза.

Пред малку премиерот на Бугарија од Брисел рече: „Во моментов знам дека на ниво на Министерства за надворешни работи се подготвува многу голема работа за да се види кои се сите возможности за напредок кон темата со Северна Македонија, но пред тоа на чисто професионално ниво меѓу дипломатите да се стигне до некоја заедничка идеја по која може да се продолжи напред, а не можеме ние ништо да потврдиме од реални стапки“, изјави Кирил Петков.

Тој уште еднаш потврди дека било какво решение меѓу двете земји ќе треба да помине низ бугарското собрание.

„Тоа е последната истанца. Знам дека се работи многу, не можам да потврдам одделни покани, да видиме до каде ќе стигнеме.“, додаде Петков.

Read Previous

Само 1 процент од луѓето можат да најдат слон на оваа оптичка илузија

Read Next

ЕУ постигна компромис за ембаргото на руската нафта, прифатено и барањето на Унгарија