ноември 22, 2024

СЗО: Епидемијата на мајмунски сипаници веројатно нема да се претвори во пандемија

Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка ќе прераснево пандемија, изјави денеска официјален претставник, додавајќи дека сè уште не е јасно дали асимптоматските заразени луѓе можат да ја шират болеста.

Во мај се откриени повеќе од 300 потврдени или сомнителни случаи на мајмунски сипаници. Тоа е обично поблага болест која се шири со близок контакт и предизвикува симптоми слични на треска и карактеристичен осип.

Повеќето случаи се пријавени во Европа, наместо во Централна и Западна Африка каде што вирусот е ендемичен.

Засега нема потврдени смртни случаи.

Read Previous

ЕУ се договори за делумно ембарго на руската нафта

Read Next

Турција бара конкретни мерки од Шведска и Финска како услов за членство во НАТО