ноември 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија денеска во Собранието ќе ја поднесат интерпелацијата за спикерот Талат Џафери. За или против оваа интерпелација засега не се изјаснија и другите опозициски партии.

„Откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозициските пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење“, изјави вчера Дафина Стојаноска, членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа оценка за работата на Џафери се согласуваат и пратениците од Беса. И тие велат дека тој „нема кредибилитет за да ја врши својата должност“. И оваа партија смета дека единствен излез од оваа ситуација во која се најде Македонија се предвремениоте парламентарни избори. И Левица е за интерпелацијата за Џафери.

Read Previous

Лавров: Путин не е болен!

Read Next

Пожар во Тетово, гори поранешната фабрика Македонија табак