ноември 23, 2024

Димовски: Од позајмицата од 900 милиони евра да се зголемат платите во јавниот сектор

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, вели дека државата со извесната позајмица од 900 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд ќе има пари за зголемување на платата од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор. Од заемот од 900 милиони, според пресметките на лидерот на ССМ, треба да се издвои дополнителни 30 милиони евра за работниците.

Синдикалниот лидер во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека не видел во ребалансот на буџетот дополнителни средства за зголемувањето на сите плати на работниците, иако било договорено по шест месеци, односно од 1 септември, тие да се зголемат линеарно и солидарно согласно Загонот за минималната плата.

– Со позајмицата од 900 милиони евра треба да има пари за работникот, без разлика дали е од јавниот или приватниот сектор. До петок ако не не повикаат, дали вицепремиерот Битиќи, дали министерката Тренчевска или премиерот, од другата недела ние ќе си ги закажеме органите и телата., бидејќи во ребалансот нема пари за тоа. Тие ни ветија дека од 1 јули ова ќе се примени, вели Димовски.

Претседателството и Советот, ќе дадат упатство до гранските синдикати, како во полицијата и здравството, тие да се подготват за генерален штрајк во јавниот сектор, доколку до утре Владата не одговори на повикот на ССМ.

– До септември каде ќе најдат пари, ако немаат сега со ребалансот? Знаеме дека порасна минималната плата, но ние во знак на солидарност, побаравме покачување во износ од 2.806 денари од хигиеничар до претседателот на државата. Инфлацијата секој ден ги обезвреднува платите. Ако државата има пари за сите да ги субвенционира и да ги помага, треба да има и за работниците. Законот е многу јасен, во септември треба да се усогласи платата. Не може некој да ме убеди дека тоа се многу пари и дека државата не може да ги обезбеди, додаде Димовски.

Тој потсети дека јавниот сектор очекува годишен регрес за сите и со исплатата на К-15 да не се делат работниците на „државни и приватни“.

Read Previous

Бесими: Ова е време на големи економски предизвици

Read Next

ФОТО: Родригез се прошета со скап аксесоар и конечно ги воодушеви модните критичари