ноември 23, 2024

Акциите на „Тесла“ губат вредност, цената падна под 700 долари

Акциите на компанијата „Тесла“ доживеаја дополнителен пад на берзите поради тоа што продолжуваат проблемите поврзани со производството во Кина.

Ова поттикна уште еден аналитичар да ја намали 12-месечната целна цена за акциите на овој производител на електрични автомобили.

До неодамна, акциите на „Тесла“ важеа за акции со висок раст. Тие се зголемија за повеќе од 50 отсто минатата година, а на 4 април, кога Маск објави дека поседува 9,2 отсто од акциите на „Твитер“, достигнаа цена од 1.145 долари по акција. Оттогаш, акциите се најдоа во слободен пад, за сега да се тргуваат по 620,57 долари.

Откако Маск го откри својот удел во „Твитер“, акциите на „Тесла“ паднаа за 42 отсто во споредба со падот од 13 отсто на индексот СиП 500 и падот од 26 отсто во дискрециониот потрошувачки сектор СиП 500. Акциите на „Тесла“ се седми најлоши резултати во СиП 500.

Read Previous

Твитер се согласи да плати 150 милиони долари поради проблем со заштита на личните податоци

Read Next

Кадиров и се заканува на Полска