ноември 24, 2024

11 бебиња загинаа во пожар во болница во Сенегал

Сенегалскиот претседател Меки Сал изјави дека 11 новороденчиња загинале во пожар во регионалната болница во Тивауан.

Сал изјавил дека се се случило на одделот за неонатологија.

– Само што дознав дека 11 новороденчиња загинаа во пожар што се случи во неонатолошкиот оддел на болницата.

– Изразувам најдлабоко сочувство до нивните мајки и нивните семејства – додаде Сал, кој моментално е во државна посета на Ангола.

Градоначалникот на Тивауан рече дека полицијата и противпожарната служба сè уште работат. Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар изјави за приватната сенегалска телевизија ТФМ дека според прелиминарната истрага пожарот настанал по краток спој, пренесува Ројтерс.

Read Previous

Кина ја планира својата прва потрага по планети погодни за живот

Read Next

Шпанија и Португалија најголеми жаришта на мајмунски сипаници