ноември 22, 2024

Убиени 19 деца во Тексас, напаѓачот имал 18 години!

Најмалку 19 деца и двајца возрасни се убиени вчера во оружен напад врз основно училиште во Тексас. Напаѓачот имал 18 години, а со себе носел пиштол, пушка и панцир. Бил убиен во престрелката со полицијата.

Нападот се случил во местото Увалде. Како што соопштија властите, напаѓачот прво ја убил својата баба, а потоа направил и судар со возилото со кое се превезувал. Излегол од возилото и успеал да влезе во училиштето каде го почнал масакрот.

Во првите часови после нападот имаше хаотична ситуација, во која немаше конкретни податоци за бројот на повредени и загинати, зашто повеќето од застреланите биле однесени во различни болници.

Во своето обраќање до нацијата, претседателот Џо Бајден изрази жалење за загубите и постави прашање зошто масовните убиства се толку чести во земјата. Тој ги повика законодавците да поддржат подобри закони за оружјето.

Тоа што ме погодува е што овој вид масовни убиства се ретки во другите делови од светот… Зошто? Зошто живееме со вакви масакри? Зошто дозволуваме ова да ни се случува?“, рече претседателот Бајден.

Вчерашниот масакр е најсмртоносен оружен напад врз училиште во Тексас и еден од најсмртоносните во САД после нападот на основното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, каде беа убиени 26 лица, од кои 20 деца.

Read Previous

Пендаровски во Давос на средба со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ

Read Next

Министерот Беким Сали се обрати на 75-та Асамблеја на СЗО во Женева