ноември 23, 2024

СДСМ: 200 милиони евра за поголеми плати и пензии

Одговорните политики на СДСМ се рефлектираат преку ребаланост на Буџетот, со кој заштедата од 200 милиони евра од непродуктивните трошоци, ќе се пренамени за ублажување на последиците од  најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа, велат од владејачката партија.

Како што велат од СДСМ она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.

-Со СДСМ и во време на криза растат платите и пензиите. Просечната плата се искачи над 500 евра, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, следува рекордно зголемување на пензиите и нова методологија за постојан раст.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за економијата и за сите категории на граѓаните, велат од партијата.

Read Previous

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи за средбата на Џафери со преставници од Чеченија, страв му е да не падне владата