ноември 24, 2024

Анкета: Повеќе од 80 отсто од Украинците се против секакви територијални отстапки во замена за мир со Русија

Ново истражување покажа дека 82 проценти од Украинците веруваат дека нивната земја во никој случај не треба да отстапи свои територии како дел од мировен договор со Русија.

Меѓународниот институт за социологија во Киев интервјуираше 2.000 возрасни граѓани на Украина во периодот од 13 до 18 мај при што 82 отсто од испитаниците рекле дека не поддржуваат територијални отстапки.

Само 10 отсто веруваат дека некои области може да се напуштат за да се постигне мир и да се зачува независноста. Според анкетата, 77 отсто од Украинците кои живеат на територијата окупирана од Русија се противеле на какви било отстапки. На истокот од земјата, каде што моментално се водат најинтензивните борби со руските сили, само 19 отсто од испитаниците се изјасниле дека се подготвени за територијални отстапки, а 68 отсто се против.

Во јужна Украина, 83 проценти од испитаниците рекле дека се против какви било територијални отстапки, а девет отсто сметаат дека е прифатливо Украина да отстапи територија со цел постигнување мир.

Read Previous

Победниците на Евровизија објавија официјално видео: Сцени кои длабоко ќе ве трогнат

Read Next

Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на Европската Унија